ТИНЕЈЏЕРКА САМА СЕ ПОРОДИЛА ВО БАЊАТА Таа инструкциите ги гледала на Јутјуб
Полицијата против таткото поднесе кривична пријава (21), бидејќи девојчето е сѐ уште малолетно.
Девојка (17) во Индија родила бебе во својот дом користејќи упатства преку видеа на Јутјуб бидејќи ја криела бременоста од семејството, соопшти полицијата.
Таа бебето го родила на 20 октомври, но нејзиното семејство за породувањето дознало дури два дена подоцна кога го слушнале плачот на новороденчето од нејзината соба.
Тие веднаш ја однеле во болница, мајката и бебето сега се добро и закрепнуваат, велат од полицијата.
Полицијата против таткото поднесе кривична пријава (21), бидејќи девојчето е сѐ уште малолетно.
– Тие беа во врска, еден ден тој дошол кај неа дома и имале интимна однос. Кога дознала дека е бремена, молчела, не се осмелила да им каже на родителите – соопштија од полицијата.
Мајката на девојчето, која има оштетен вид, не ја забележала бременоста на нејзината ќерка, а таткото кој работи како ноќен чувар, дење едвај го гледал семејството.
Таа носела и широка облека, која многу и помогнала во покривањето на стомакот, пренесува Индепендент.
– Таа на интернет гледала се за породувањето, гледала видеа за бременоста. Видеото од породувањето го гледала додека се пораѓала, дури и сама ја пресекла папочната врвца – велат од полицијата.
Двете семејства знаеле за нивната врска и планирале да направат свадба кога таа ќе наполни 18 години. Таа бременоста ја скрила од двете семејства, плашејќи се дека тоа може да предизвика несогласувања меѓу нив.