ТИНЕЈЏЕР ПРОДАВАЛ ДРОГА Полициска акција во Битола

При претрес во неговиот дом во Битола, пронајдена е марихуана, дигитална вага со траги од марихуана, метална дробилка, како и пиротехнички средства.

147

Тинејџер од Битола вчера е приведен  поради пооседување и продажба на дрога. При претрес во неговиот дом е пронајдена марихуана и пиротехнички средства по што 19-годишникот е приведен во полиција.

„Полициски службеници од СВР Битола попладнево го лишиле од слобода М.Т. (19) од Битола.






Имено, по добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кај М.Т.(19) од Битола.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР-Битола“ – стои во известувањето од МВР.

Поврзани содржини