ТИНА ТАРНЕР ЈА ТУЖИ ПЕЈАЧКАТА БИДЕЈЌИ ЛИЧИ НА НЕА Дали вам ви личат? ФОТО
Германската музичка сцена во моментов чека во чија корист ќе пресудат судиите.
Дивата Тина Тарнер ја тужи германската пејачка која настапува со нејзините обработки затоа што премногу личи на неа. Легендарната 81-годишна пејачка се одлучила на овој потег кога ја видела Доротеа Флечер, која инаку има околу 30 години и настапува со шоуто кое го нарече „Simply The Best“ по популарната песна на музичката дива.
Адвокатите на Тина Тарнер во тужбата навеле дека Доротеа премногу личи на познатата пејачка во промотивните материјали на шоуто, па нејзините обожаватели можеби поради тоа ќе помислат дека Тарнер ќе ги пречека на сцената.
View this post on Instagram
Германската музичка сцена во моментов чека во чија корист ќе пресудат судиите, а таа пресуда може многу да ја промени целата сцена која се занимава со обработки на познатите музичари. Тина Тарнер всушност ја тужеше компанијата „Cofo Entertainment“, која стои зад 50 години помладата пејачка, а ги застапува и бендовите кои се занимаваат со обработка на песните на Елвис Присли, „Битлси“ и Френк Синатра.
Тина Тарнер ја покренала првата тужба минатата година кога беа објавени постери на кои Доротеа наликува на пејачка, а таа ја добила тужбата пред германскиот суд. Потоа, промотивните материјали беа сменети и судот заклучи дека на пејачката не може да ѝ се одземе правото на уметничко изразување, особено затоа што беше нагласено дека свири на обработките на Тина Тарнер.
„Тина Тарнер би сакала да одлучи за тоа дали нејзиниот лик и дело може да се користат за промотивни цели“, изјавил пред судот минатата недела нејзиниот адвокат, кој ја упатил тужбата до повисокиот суд.
„Само глупава личност може да заклучи дека ова е вистинската Тина Тарнер“, рекле адвокатите кои ја бранат Доротеа Флечер. Пресудата за овој случај се очекува во февруари следната година.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм