ТИНА И САРА ПОЧИНАА ВО БОЛНИЦАТА ВО НОВИ САД Девојчињата имаа 9 и 5 години

Девојчињата со својот дедо вчера биле на железничката станица во Нови Сад кога се урнала настрешницата.

1,110

Девојчињата Тина (9) и Сара (5) кои вчера биле со дедо им на железничката станица во Нови Сад кога се урнала настрешницата, починале во болница, дознава српски Курир од членовите на нивното семејство.

– Умреа и двете, повеќе ги нема – рекол нивниот втор дедо Бранко Матиќ, од Лозница, кој вчера нетрпеливо ги чекал да дојдат на неговата домашна слава Свети Лука.






Бранко Матиќ вчера изјави дека не знае каде се девојчињата, но подоцна стигна вест дека тие се во болница со тешки повреди, додека другиот дедо со кој патувале починал.

За жал, поради тешките повреди со кои се здобиле при падот на настрешницата, лекарите не успеале да ги спасат девојчињата.

Поради тешката несреќа во Србија денеска е Ден на жалост, а во Нови Сад три дена.

Од 16 загинти, пет лица уште не се идентификувани, осум се државјани на Србија, еден на Македонија, кажа синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Поврзани содржини