КАЖИ КАКВА ПОНУДА ИМА ВО СМС ПОРАКИТЕ ДО МИЦКОСКИ Меџити го прозва Ахмети

Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етнонационалистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе, порача Меџити откако лидерот на ДУИ побара заедно со локалните да се одржат и парламентарни избори.

914

На барањето на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со локалните избори наредната година да се одржат и парламентарни, му одговори првиот вицепремиер Изет Меџити.

Според Меџити, ДУИ нека се подготви да биде уште долго време во опозиција.






„Наместо да се претставува како некој голем фактор на политичката сцена, ДУИ би било подобро да се врати на внатрешните реформи и да ги исчисти своите редови од организираниот криминал и корупцијата. Пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да и одговори на јавноста:

• Kаква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?!
• Kаква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?!
• Дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на Парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!

Ова се прашањата на кои јавноста очекува одговори од ДУИ. Поттикнувачката реторика и фолклорот се сценарио веќе познато и прочитано од сите. Сѐ што донела таа реторика е зајакнување на екстремизмот и етнонационалистичкиот сентимент изразен преку гласот. Затоа сте смешни и ништо повеќе“, напиша Меџити.

Поврзани содржини