ТИМОТ ШТО ПОБЕДУВА НЕ СЕ МЕНУВА Бејзбол играч играл за двете екипи на официјален натпревар

Бејзбол играчот Дени Jансен беше разменет во Бостон ред сокс, а тој влезе во игра на натпревар против неговиот поранешен клуб.

101

Бејзбол играчот на Бостон ред сокс, Дени Jансен, стана првиот играч во историјата на професионалниот спорт кој играл за двата тима на официјален натпревар.

29-годишниот Jансен беше дел од тимот на Торонто блу ​​џејс на 26 јуни 2024 година, на натпревар од бејзбол лигата во Северна Америка против неговиот сегашен клуб, Бостон ред сокс. Натпреварот беше прекинат поради дожд и беше одлучено остатокот да се доигра вчеравечер.






На 27 јули, Jансен беше разменет во Бостон ред сокс, а тој влезе во игра на натпревар против неговиот поранешен клуб.

– Бев изненаден кога дознав дека јас сум првиот што го направил ова. Убаво е да се остави таков белег. Интересно е и чудно. И јас сум благодарен за оваа можност – изјави Jансен за И-Ес-Пи-Ен (ESPN).

Поранешниот тим на Јансен го победи неговиот сегашен тим, Бостон, со 4:1.

Поврзани содржини