Тимоние: Желбата на Франција е изборите да бидат поуспешни и подемократски

203

Амбасадорот на Франција во земјава Кристиан Тимоние денеска беше во седиштето на Демократската партија на Албанците во Тетово на средба со претседателот на Мендух Тачи со кого во најголем дел разговарале за претстојните избори.

– Посетата е во рамки на посетите што ги правам кај сите политички партии во врска со започнување на предизборната кампања. Желбата на Франција е овие избори да бидат што поуспешни и подемократски – истакна амбасадорот.






Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се одржи самитот на ЕУ во Загреб со оглед на ситуацијата со коронавирусот, тој истакна дека сѐ зависи од ситуацијата.

– Вирусот нема граници. Зависи од ситуацијата, треба поголема мобилизација. Сепак од нас не зависи – истакна Тимоние.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи не даде изјава за медиумите.

Поврзани содржини