ТИМ ОД ПЕТ ОБВИНИТЕЛИ ВРШИ УВИД ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ ВО ТЕТОВО Јавното обвинителство потврди дека има жртви

Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.​

1,780

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде што вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува.

Во соопштението на обвинитеството се наведува дека во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство.






Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.​

Поврзани содржини