„ТИЕ ВРШЕА ПРЕДАВСТВА, НИЕ ЖЕСТОКО СЕ БОРИМЕ ДА ВРАТИМЕ БАРЕМ МАЛКУ ОД РАСПРОДАДЕНОТО“ Мицкоски продолжува со одбрана на македонскиот идентитет

Ние продолжуваме жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме - некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

574

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави жесток обид да поврати барем малку од она што претходно беше распродадено од претходниците, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и од јазикот.

– Можеби тоа е само во нивната микроорбита на измеќари на туѓи интереси и предавници од највисок ков и тоа се покажа и докажа во минатото. Владата на СДСМ и ДУИ единственото нешто што го правеше, покрај тоа што го знае најдобро – да краде, тоа беа националните предавства и потпишувањето на сите документи што им беа ставани на маса. Станува збор за национално исплакнати луѓе на кои освен кариера и да го крадат народот, а потоа да уживаат од тоа што го краделе, ништо друго не им преостанува. Тоа што го прави оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е токму жесток обид да се поврати барем малку од она што тие го распродадоа и го вадиме на виделина сето она за кое што ако досега некој имал каква било дилема верувам дека отсега ќе нема. Ние продолжуваме жестоко да се бориме за нашиот идентитет, за тоа што сме, а не тоа што сакаат да бидеме – некои модерни Македонци кои што говорат модерен македонски јазик – рече Мицкоски во Гевгелија.






Премиерот порача дека нема посвето нешто од тоа да се бориш за својот народ, за своите граѓани, за својата татковина.

– И да го повратиш тоа што оние претходни квинслинзли, за жал, го продадоа за да можат да уживаат во дебелите црвени килими и кожните фотелји и да се богатат на грбот на граѓаните. Но, тие нека продолжат со таа политика, а ние ќе продолжиме со политиката на одбрана на македонскиот идентитет и одбрана на интересите на граѓаните и Македонија како држава – рече Мицкоски.

Поврзани содржини