ТИЕ КРАДАТ, А ВИЕ ПЛАЌАТЕ Опозицијата ја обвини власта за копањето криптовалути
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои се платени кон европската енергетска мрежа и дека оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра, а дека зимата не е ни почната.
Власта предводена од Зоран Заев не знае ништо освен да краде, или да се занимава со корупција и криминал. Сега власта краде струја за копање крипто валути, прави милиони, а народот плаќа милиони за да има што да украде власта. Неколку пати купија скапа струја. Сега е склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра“, реагира утрово ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од опозициската партија велат дека претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои се платени кон европската енергетска мрежа и дека оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра, а дека зимата не е ни почната.
– И сето ова затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент. Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини – се вели во соопштението со кое ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш нагласува дека излезот е во предвремени парламентарни избори.