ТИ ТЕМПО ДА НЕ СЕ МЕШАШ ВО МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТИ! На денешен ден починал Методија Андонов Ченто

Во мај 1944 година Ченто заедно со Емануел Чучков и Кирил Петрушевски на островот Вис на средба со Тито ќе побараат директно обединување на Македонија. Во зборувањето, Ченто бил многу постар од Чучков, кој пак го отворил разговорот.

5,882

Штом не си член на президиумот, да не ни се мешаш во нашата работа, му рекол првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, на Светозар Вукмановиќ-Темпо, пратеник од Србија, на една од првите седници на АСНОМ уште пред Македонија да биде ослободена.

Ченто починал на денешен ден пред 66 години. Тој е запаметен како борец за поголеми права на Македонија во федералните органи на Југославија па дури и за обединување на Македонија со пиринскиот и егејскиот дел. Бил против да се оди на Сремскиот фронт. Но, животот го завршил поради болест која ја добил токму во скопскиот затвор Идризово каде подоцна се нашол затворен од македонските власти.






„Ко је тај Чента да одлучује ко че бити ил нече бити члан Президиума…?“, наводно изјавил Темпо на најавите дека Ченто не сака Видео Смилевски да биде член бидејќи, според Ченто, иако Смилевски бил Македонец, тој подобро го познавал српскиот јазик и немал направено ништо за Македонија.

Тито му рекол „да“ на Ченто, но се премислил

Подоцна, во мај 1944 година Ченто заедно со Емануел Чучков и Кирил Петрушевски на островот Вис на средба со Тито ќе побараат директно обединување на Македонија. Во зборувањето, Ченто бил многу постар од Чучков, кој пак го отворил разговорот. Тито начелно се согласил, но подоцна го сменил ставот велејќи дека сега не е време за тоа и дека треба да се чекаат подобри времиња.

Самиот си дава оставка, но бидува уапсен 

За две години, во 1946-тата, Ченто се спротивставува Македонците да одат на Сремскиот фронт. Тој бил поддржан и од Чучков. Ченто се залагал и за поголема финансиска зависност од новата федерација Југославија. Неговите барања не биле исполнети и тој сам си дал оставка од функциите во АСНОМ на 14 март и се повлекол во родниот Прилеп.

Веќе во јули истата година, тој бил уапсен и затворен. Против него сведочеле Панта Марина, Лазар Мојсов и Коле Чашуле, а се вели дека доказите биле монтирани како и целиот случај. Ченто бил осуден на 11 години затвор.

Тито одбил да му помогне на Ченто 

Бил затворен во „специјална ќелија” во затворот Идризово во Скопје. Додека бил во затвор, властите му нуделе да потпише изјава дека погрешил и дека се кае, но Ченто останал на своите ставови. Со видно нарушено здравје, бил ослободен, по одлежани 9 години и 4 месеци, на условна слобода. Поради влошеното здравје, му напишал писмо на Тито, за да му издадат пасош, за да се лекува во Швајцарија, но бил одбиен.

Првиот претседател на слободна Македонија умира на 24 јули 1957 година, во својот дом во Прилеп, од рак на желудникот. Неговата смрт не била ниту објавена, па бил погребан во присуство на најблиските роднини.

Ченто беше таму тема до 1990-тите

Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебниците, а и јавните разговори за него биле најстрого забранувани. Во 1990 година, по осамостојувањето на Македонија, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, судот ја повторил кривичната постапка против Ченто, при што одлуката на судот од 1946 година била укината. Постхумно е одлику­ван со „Орден на Република Македонија”, признание кое го имаат само поранешните претседа­те­ли на Македонија.

Епопејата на овој голем Македонец завршува трагично – тој бидува лишен од раката на своите Македонци.

Поврзани содржини