Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ се пофали како прави ајвар во својот дом во Драчево.
Тијана како „доказ“ од својот труд објави видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како меша ајвар заедно со својот татко во семејниот дом во Драчево.
Во видеото е интересна комуникацијата помеѓу Тијана и нејзиниот татко
Таа вели дека пејачите знаат да прават и ајвар, особено лут кои го обожаваат Македонците.
Дапчевиќ инаку на видеото носеше маичка од Путин, искомбинирана со пантолани и патики на себе, а татко ѝ носи маица со натпис – Сакам пиво.