ТЕЖОК, ПОДМЕТНАТ ПОЖАР ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА НЕКОЛКУ СЕЛА ВО ПРЕСПАНСКО Го гаснат два „ер трактори“ , пожарникари и цивили

Ер трактор амфибија на ДЗС полетува кон пожарот кај преспанското с. Долно Перово, ќе полни вода од езерото и ќе помогне во запирањето и на овој намерно подметнат пожар, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. 

3,064

Голем пожар попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро кај селото Долно Перово и зафати голема површина со трска, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

– Пожарот брзо се ширеше поради ветрот кон селото Перово, но повеќе не е опасност за селото. Го гаснат  пожарникари од Ресен, со поддршка од локалното население. Еден амфибија „ер трактор“ на ДЗС ја пресече линијата на огнот и им помага на силите кои гаснат од земја, да воспостават контрола врз овој тежок пожар што им се закануваше на неколку села. Наскоро ќе полета и вторит „ер трактор“ – рече Ангелов во видео обраќање од терен, на пат кон местото на големиот пожар.






Тој најави нови информации наскоро.

Претходно Ангелов информираше дека овој пожар е подметнат.

„Ер трактор амфибија на ДЗС полетува кон пожарот кај преспанското с. Долно Перово, ќе полни вода од езерото и ќе помогне во запирањето и на овој намерно подметнат пожар. Ќе започне со дејство околу 17.20 часот. Вториот ќе полета во секој момент. Поради високите температури досега хеликоптери не смееја да полетаат. Засега нема потреба од евакуација на населението во околните места, според локалните авторитети кои се на терен“, информираше Ангелов.

Поврзани содржини