ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА БАРАЛА ПОМОШ УШТЕ ПРЕД ДА ИЗБИЕ ПОЖАРОТ Теута Арифи тврди оти било побарано зголемување на безбедноста
Знам само дека тие имале неколку обраќања до други институции во однос на сигурноста и безбедноста на модуларната болница, рече градоначалничката на Тетово.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, истакна дека имала сознанија оти тетовската болница во неколку наврати од институциите барала зголемување на безбедноста во модуларниот објект.
Таа сепак не откри од кои институции била побарано ваква помош, а одговор на прашање треба да го даде тетовската Општа болница.
– Знам само дека тие имале неколку обраќања до други институции во однос на сигурноста и безбедноста на модуларната болница. Знам дека имале обраќања до повеќе институции за да се зголеми безбедноста околу нив, но за тоа мислам дека одговори ќе добиете таму – рече Арифи.