📷 📽 ТЕТОВО И ТЕТОВСКО ГИ ЗАФАТИ СТРАШНО НЕВРЕМЕ Се бара да се исклучи струјата во градот поради ризик од струен удар
Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки, според него, ризикот од струен удар по граѓаните е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.
Големо невреме попладнево го зафати Тетово, проследено со интензивни врнежи од дожд и на места град со големина на орев.
Сообраќаен метеж е забележан на повеќе места во градот, а граѓаните јавуваат дека после патарината на патот кон Скопје, поточно кај назводникот, насобрано е многу вода и поради тоа едвај се вози, поради што е создаден голем метеж.
Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки, според него, ризикот од струен удар по граѓаните е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.
Околните места околу Тетово, како Желино и Јегуновце, се под вода. Селата беа погодени од силно невреме, со град со големнина на снежна топка, што буквално ги побеле. Има пријави и за скршени ветеобрански стакла на возила кои сообраќаат на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на општина Желино, што може да се види и од првата фотографија.