ТЕТОВО БЕЛЕЖИ НОВ ЦРН РЕКОРД Починаа 10 лица од ковид-19
Моментално на болничко лекување се 120 пациенти, од кои девет се вакцинирани со една доза, а три лица комплетно вакцинирани.
Ковид статистиката во теотвската болници повторно бележи црн рекорд. Изминатото деноноќие во оваа болница починаа 10 лица од компликации од коронавирус.
Медиумите информираат меѓу починатите е и жена на 36 години.
Моментално на болничко лекување се 120 пациенти, од кои девет се вакцинирани со една доза, а три лица комплетно вакцинирани.
Вкупно 118 пациенти се на кислородна поддршка, а две лица се приклучени на респиратор.