ТЕТОВЕЦОТ ФАЛИ РАМАДАНИ ПОД ИСТРАГА НА ИТАЛИЈАНСКАТА ПОЛИЦИЈА Сомнителни се трансферите на Пјаниќ, Хандановиќ и на Киеза

Весникот „Кориере дела Сера“ објави дека сомнителни се трансферите на Калиду Кулибали во Наполи, Федерико Киеза во Јувентус, Миралем Пјаниќ во Барселона и продолжувањето на договорот на Самир Хандановиќ со Интер. Како спорен се наведува и договорот на Маурицио Сари на клупата на Наполи.

1,144

Познатиот фудбалски менаџер Фали Рамадани се наоѓа под истрага на даночната полиција во Италија поради сомнителни трансфери, објавија локалните медиуми. Рамадани се сомничи за перење пари и даночно затајување.

Поради сомнителни трансфери, финансиските инспектори и даночната полиција влегоа во девет прволигашки и два второлигашки клубови за да соберат документација за спорните трансфери, меѓу кои има неколку звучни имиња.






Весникот „Кориере дела Сера“ објави дека сомнителни се трансферите на Калиду Кулибали во Наполи, Федерико Киеза во Јувентус, Миралем Пјаниќ во Барселона и продолжувањето на договорот на Самир Хандановиќ со Интер. Како спорен се наведува и договорот на Маурицио Сари на клупата на Наполи.

Во еден период Рамадани ги застапуваше интересите на 56 фудбалери кои проникнаа од земјите од некогашна Југославија, а тој е менаџер на повеќе бивши и актуелни репрезентативци на Македонија. Проблеми со полицијата во минатото тој имаше и во Германија, како и во соседна Србија.

Поврзани содржини