ТЕТОВЕЦ СЕ НАФРЛИЛ ВРЗ НОВИНАРИ КОИ ПРАВЕЛЕ ПРИЛОГ Повикан е во полиција, ќе добие пријава
43-годишниот А.С. агресивно се однесувал кон новинарска екипа која подготвувала прилог во Зелениот пазар во Тетово, информира полицијата.
Во СВР Тетово денеска на службен разговор е повикан 43-годишниот А.С. од тетовско Горно Палчиште, кој претходно бил пријавен дека нападнал новинари во близина на тетовскиот Зелен пазар.
„На 07.11.2023 во 12.00 часот А.С. бил пријавен од 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште дека на Зелениот пазар во Тетово агресивно се однесувал кон него и негова колешка додека подготвувале материјал за новинарски прилог. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ – информира СВР Тетово.