Тестираат за ковид-19 до станот на велешанец, местото необележано и необезбедено

„Загрозени ми се основните права на безбедноста на домот", ни пишува велешанецот, кој безуспешно се обидува проблемот да го реши преку институциите.

951

Читател на Плусинфо од Велес и неговото семејство од пред два дена се соочува јас со несекојдневен, но сериозен проблем, кој институциите го игнорираат.

„Од пред два дена ЦЈЗ Велес зема брисови за ковид-19 на нова локација, бидејќи поранешната се подготвува за избирачко место. Новата локација е на 10 метри од мојот стан, кој е на приземје. Луѓето кои чекаат тестирање поради држењето лична дистанца доаѓаат под мојата тераса, под мојот прозорец каде спијам на два метра. Загрозени ми се основните права на безбедноста на домот”, ни пишува велешанецот.






Друг проблем е што ова место луѓето од овој дел на Велес го користат како пешачка патека за рекреација, пешачење, а навечер тука навраќаат млади парови кои бараат поинтимни места. После земањето брис местото не се дезинфицира и на истите скали седнуваат најчесто млади луѓе.

„Организацијата на тестирањето им е катастрофална. Тестирањето е закажано во 9 часот, а екипата на ЦЈЗ доаѓа околу 10. За тој 1 час луѓето чекаат на сонце или се засолнуваат во влезот на нашата зграда. Некои ожеднуваат и одат во локалните продавници да купат вода. Трет и според мене најважен проблем е тоа што местото воопшто не е обезбедено и означено како место за земање брис за ковид-19, па така луѓе кои поминуваат од тука не знаат дека се во директен контакт со лица сомнителни за ковид-19″, ни пишува велешанецот.

Тој го известил Здравствениот инспекторат и на локално и на централно ниво. Му одговориле неодредено и не презеле ништо. На Фејсбук му пишал и на министерот за здравство. Но, не помогнало и тоа.

Сведоштвото на велешанецот говори за аматеризмот на здравствените власти во време кога заразата во земјава зема сè поголем замав.

Поврзани содржини