„ТЕСЛА” ПОВЛЕКУВА ПОВЕЌЕ ОД 80.000 ВОЗИЛА ВО КИНА Имаат проблем со безбедносните појаси
„Тесла" најави дека ќе го надгради софтверот на повлечените возила.
Производителот на електрични возила „Тесла” повлекува повеќе од 80.000 автомобили, поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси, потврдија кинеските пазарно-регулаторни власти денеска.
Производителот на електромобили со седиште во САД повлече 67.698 автомобили „Модел С” и „Модел Икс” увезени во Кина меѓу 25 септември 2013 и 21 ноември 2020 година, поради софтверски проблеми што влијаат на системот за управување со батериите на возилата. „Тесла” најави дека ќе го надгради софтверот на повлечените возила.
Американската автокомпанија повлече и 2.736 увезени автомобили „Модел 3″ произведени меѓу јануари и ноември 2019 година и 10.127 автомобили од кинеско производство од истиот модел.