ТЕСЛА ГО ПРЕКИНУВА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ГЕРМАНИЈА Нападите во Црвеното Море ги нарушија синџирите на снабдување

Производството ќе биде прекинато од 29 јануари до 11 февруари поради нападите во Црвеното Море и придружните промени во транспортните правци меѓу Европа и Азија, соопштија од американската компанија за производство на електрични автомобили.

465

Американскиот производител на електрични возила Тесла денеска објави дека ќе го прекине производството во својата германска фабрика во близина на Берлин.
Производството ќе биде прекинато од 29 јануари до 11 февруари поради нападите во Црвеното Море кои ги нарушуваат синџирите на снабдување.
„Вооружените конфликти во Црвеното Море и придружните промени во транспортните правци меѓу Европа и Азија преку Ртот добра надеж, исто така, влијаат на производството во германската фабрика „Тесла“ во градот Гринхајд“ – се вели во соопштението на американската компанија, пренесува АП.
Првата фабрика на Тесла во Европа, во герамнскиот град Гринхајд беше отворена во 2022 година и вработува 11.000 работници.

Транспортниот коридор низ Црвеното Море е нападнат од бунтовничките јеменски Хути, а обиколната рута на бродовите околу Африка трае најмалку 10 дена подолго и ги зголемува трошоците.






САД и Велика Британија вчера започнаа напади врз цели поврзани со Хутите во Јемен како одговор на нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море.

Поврзани содржини