Во Куманово вчера тешко е повреден малолетник на велосипед.
Несреќата се случила на паркинг простор на булеварот „Октомвриска револуција кога, патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(34) од Куманово удрило во велосипед, управуван од 15-годишник и во патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(30) .
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Куманово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.