ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПЕШАК И ВЕЛОСИПЕДИСТ Возила удриле во нив

151

На крстосницата од улиците Ферид Бајрам и Мара Маждуречка во Скопје вчера патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (55) од Скопје удрило во Д.Ј. (65) од Скопје.

По несреќата, Д.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.






На улицата Јуриј Гагарин вчера патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н. (40) од Скопје, удрило во велосипедист Т.К. (51) од Скопје. Т.К. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на двете сообраќајки извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини