ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО СКОПЈЕ – На 21.10.2020 во 05.30 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(32) удрило во пешакот Т.Б.(54) од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ПРИЛЕПЧАНКА УДРЕНА ОД КОЛА ВО СКОПЈЕ – На 20.10.2020 во 11.35 часот било пријавено дека во Скопје, на раскрсницата од ул.„„Крушевска Република“ и бул.„Кузман Јосифоски Питу“, патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(44) од Скопје, удрило во пешакот Е.Б.(59) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Е.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ФАТЕН КОСОВЕЦ СО УКРАДЕНО ВОЗИЛО – На 20.10.2020 во 16.30 часот на граничен премин „Долно Блаце“ на влез во Република Северна Македонија бил лишен од слобода Г.Б.(46) од Косово, бидејќи при проверка било констатирано дека неговото возило „опел астра“, со косовски национални ознаки, се наоѓа во оперативна евиденција по барање на Интерпол Косово. Возилото е одземено и предадено за понатамошна постапка.
ТЕТОВЕЦ ПРОВАЛИЛ ВО ДВА АВТОМОБИЛИ – На 20.10.2020 околу 23.25 часот, на ул.„Штипска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово, поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф“ и „опел астра“, со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица. Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово, по што ќе следува соодветна пријава.
ПРИВЕДЕН ДИЛЕР НА ХЕРОИН – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.07.2020 пријавениот пред неговиот дом на ул.„Васка Циклева“ во Свети Николе му продал хероин на Д.Б. од Свети Николе, при што во 21.15 часот од страна на полициски службеници хероинот бил пронајден и одземен од Д.Б.
НА СЕЛО СИ ПРОИЗВЕДУВАЛ КАНАБИС – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против С.А.(43) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.09.2020, од страна на полициски службеници бил извршен преглед на земјоделска површина во с.Ѓузумелци, сопственост на таткото на пријавениот, кој во текот на мај 2020 насадил десет садници од растението Cannabis.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ ОД СКОПЈЕ – На 20.10.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на скопската обиколница, во близина на клучка Смилковци, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(22) од Скопје, паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ИМ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ВОЗИЛОТО – На 20.10.2020 околу 22.15 часот, во тетовско Камењане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.А.(28) и А.А.(25) од Гостивар, затоа што при нивен и преглед на возилото „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, со кое тие се превезувале, пронајдена била марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци.
ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ТЕШКО СЕ ПОВРЕДИЛ – На 20.10.2020 во 16.10 часот било пријавено дека на патот Тетово – с.Требош, после Требошки натпатник, патничко возило „рено канго“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) с.Џепчиште, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.
ДЕВОЈКА КАСНАТА ОД УЛИЧНО КУЧЕ – На 21.10.2020 во 00.20 часот во Полициската станица Гази Баба А.Г.(19) од Скопје пријавила дека во нас.„Ќерамидница“ била касната од куче скитник.