Тешко повредени мотоциклист во Велес и пешак во Струмица, скопјанки каснати од куче

221

ВЕЛЕШАНЕЦ УДРИЛ ВО МОТОЦИКЛИСТ На 29.09.2020 во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(42) од Велес и мотоцикл „гилера“, управуван од Д.З.(32) од Велес.

Во незгодата, информираа денеска од МВР, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.






ЈА КАСНАЛО КУЧЕ СКИТНИК На 29.09.2020 во 20.40 часот во Полициската станица Аеродром, А.Н.(27) од Скопје пријавила дека на ул.„23 Октомври“ била касната од куче скитник.

СТРУМИЧАНЕЦ СО МЕРЦЕДЕС УДРИЛ ВО СОГРАЃАНИН На 29.09.2020 во 20.30 часот на крстосница од булевар „Ленинова“ и улица „4 Јули“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ј. (42) од Струмица, удрило во пешакот М.С. (50) од Струмица. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

ЧАИРЧАНКА КАСНАТА ОД КУЧЕ На 29.09.2020 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, Р.М.А.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Бутелска“ била касната од куче скитник.

Поврзани содржини