ТЕШКО ПОВРЕДЕНА МЛАДА ДЕВОЈКА КАЈ ГАЛИЧНИК Со четирицикл излетале од земјениот пат, сопатничката итно пренесена во „8 Септември“

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје, информираа од полицијата.

321

Вчера попладне четирицикл излета во атар на село Галичник, при што тешко повредена е млада девојка од Скопје.

„На 01.05.2024 во 15.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека од шумски земјен пат во атар на село Галичник, на место викано „Горно стопанче“, излетал четирицикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Л.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ц.(23) од Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница „8 Септември“ во Скопје, информираа од полицијата.






Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани содржини