Тешко повредена 33 годишна жена пешак
Патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од тетовски Порој, удрило во 33-годишната И.Ѓ.(пешак) од Јегуновце - велат од СВР Тетово.
Триесет и тригодишна жена пешак од Јегуновце е тешко повредена откако во неа удрило возило „Мерцедес“ управувано од 36 годишник на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово. Сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот.
– Патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Х.(36) од тетовски Порој, удрило во 33-годишната И.Ѓ.(пешак) од Јегуновце. Во незгодата, И.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, информира денес Марјан Јосифоски – портпарол на СВР Тетово.
Во текот на декември тетовската полиција бележи и сообраќајна несреќа во која имаше и пешак кој го загуби животот. На 6 декември на патот Тетово-Јажинце, животот го загубил И. А (43) од гостиварското село Дебреше, а 36 – годишен маж од селото Пршовце беше приведен како осомничен за сообраќајката затоа што по настанот заминал од местото.