Едно лице утрово е потешко повредено во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, што се случила на една од попрометните улици во Гостивар.
Од гостиварската полиција потврдија дека околу 7.30 на улицата „Беличица“ дошло до судир на три возила „фиат чинквеченто“ управуван од Е.Р. (31), „бмв“ управуван С.Ш. и паркирано транспортно возило „ивеко“.
Од првичните сознанија, возачот на фиатот со тешки телесни повреди бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде е згрижен.
На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Гостивар, по што ќе се утврдуваат причините кои доведоа до сообраќајката