ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО ДРАЧЕВО Го прегазил 39-годишник од селото Моране
Во сообраќајниот инцидент сериозно е повреден 60-годишниот К.С. од Скопје.
Пешак е тешко повреден попладнево на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје, во скопската населба Драчево, кога во него удрило патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Автомобилот го управувал 39-годишниот Р.А. од селото Моране, скопско.
Во сообраќајниот инцидент сериозно е повреден 60-годишниот К.С. од Скопје. Лекарите во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ ги констатирале тешките телесни повреди и му укажале медицинска помош.
Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата и работи на целосно расчистување на случајот.