📽️ ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ, МОТОРОТ СКРШЕН НА ДВА ДЕЛА Страшна сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров

Возачот на моторот бил во тешка состојба , а моторциклот од силината на ударот бил скршен на два дела.

1,139

Сообраќајката се случила во близина на комплексот „Александрија“, а во неа учествувале два автомобили и мотоцикл, пренесе Канал 5.

Возачот на моторот бил во тешка состојба , а моторциклот од силината на ударот бил скршен на два дела.






Засега не е позната состојбата на другите двајца возачи и евентуални сопатници.

„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улиците Скупи и Ацо Шопов се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила и мотоцикл. Две лица со ИМП се пренесени во болница за укажување помош. Во моментов се врши увид на местото на настанот“, соопштија од МВР за Канал 5.

Поврзани содржини