ТЕШКО ПОВРЕДЕН МАЛОЛЕТНИК ВО СООБРАЌАЈКА 19-годишник од Кавадарци со тротинет се судрил во „фолксваген“
Притоа, пешак - малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци, се вели во полицискиот билтен.
Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираше Министерството за внатрешни работи.
„Синоќа во 19:55 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улица Ленинова во градот, случена е сообраќајна несреќа. Притоа, пешак – малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци“, се вели во полицискиот билтен.