Тешко повреден хирург, бил прегазен од 16-годишник со БМВ

Од МВР за Плусинфо потврдија дека вчера бил удрен пешак, кој поради сериозноста на повредите е префрлен на скопските клиники.

2,083

Синоќа 16-годишно момче со БМВ Х6 прегазило пешак на раскрсницата кај Водњанска, а поради тешките повреди лицето е префрлено на лекување на скопските клиники.

Дел од медиумите објавија дека прегазениот пешак е познат хирург од скопските клиники и дека е во  во тешка здравствена состојба.






Од МВР за Плусинфо потврдија дека вчера бил удрен пешак, кој поради сериозноста на повредите е префрлен на скопските клиники.

– На 25.02.2021 во 20,30 часот било пријавено дека на крстосницата од булеварот Мајка Тереза и улицата Елисие Поповски-Марко патничко моторно возило БМВ Х6 со скопски регистарски ознаки управувано од 16-годишник удрило во Ѓ.Ј. (58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – велат од МВР за Плусинфо.

Поврзани содржини