ТЕШКО ПОВРЕДЕН 14-ГОДИШЕН МОТОЦИКЛИСТ ВО ВЕЛЕС Детето е пренесено на лекување во Скопје

Од Итната медицинска помош информираат дека момчето се здобило со тешки повреди.

1,306

Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес.

Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди. По укажаната прва помош е однесен е во Општата болница во Велес.






Портпаролката на болницата Билјана Босилкова вели дека на момчето му се констатирани тешки повреди на главата и дека е во стабилна состојба.  Поради сериозноста на повредата е препратено на лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

Поврзани содржини