ТЕШКИТЕ ПОВРЕДИ НА МОЗОКОТ НА ДЕТЕТО НЕ ДОЗВОЛИЛЕ ХИРУРШКИ ТРЕТМАН Фатална последица како резултат на неодговорно однесување

Министерството изрази најдлабоко и искрено сочувство до семејството и до најблиските во овие неизмерно тешки моменти.

604

Се огласи и Министерството за здравство во врска со двегодишното дете кое почина по повреда во главата за време на новогодишната ноќ.

Од Здравство соопштија дека детето било примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата било згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега. Детето било интубирано, поставено на механичка вентилација, била ординирана антибиотска и антиедематозна терапија, како и 24-часовен мониторинг.






„Интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување. И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството изрази најдлабоко и искрено сочувство до семејството и до најблиските во овие неизмерно тешки моменти.

„Уште еднаш апелираме до сите граѓани, новогодишните празници да се одбележуваат мирно и достоинствено, без употреба на пиротехнички средства, петарди, а особено без користење огнено оружје. Последиците од ваквото неодговорно однесување се сериозни и, за жал, можат да бидат и фатални“, се додава во соопштението од Министерството за здравство.

 

МАЈКАТА ИЗЛЕГЛА ВО ДВОР ДА ГЛЕДА ОГНОМЕТ СО ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ Слушнала звук по што забележала крв од главата на детето

 

Поврзани содржини