ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КИСЕЛА ВОДА Повредени се 6 лица

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

700

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 22 часот во Кисела Вода, во близина на општината.

Од МВР информираат дека било пријавено дека на крстосница од ул. Борис Трајковски и ул. Петар Делјан во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско.






– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – велат од полицијата.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини