ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ НЕГОТИНО-КАВАДАРЦИ Едно лице го загуби животот
Двајцата патици во третото возило што учествувало во несреќата не се повредени.
Во тешката сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино – Кавадарци, едно лице го загуби животот, а друго е повредено, потврдија од неготинскиот Здравствен дом. Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место, а друго се здобило со повреди и е на лекување во кавадаречката болница.
Двајцата патици во третото возило што учествувало во несреќата не се повредени.
Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена. Јавното обвинителство нареди обдукција за починатиот. Од Обвинителството за МИА информираа дека бил извршен увид на лице место каде што се случила сообраќајната несреќа.
„Преземени се сите мерки за испитување на околностите под кои дошло до несреќата. Издадени се сите потребни наредби, меѓу кои и обдукција на починатото лице. Се работи на утврдување на причините за несреќата“ – информираа од обвинителството.
Поради несреќата, сообраќајот на патот Неготино-Кавадарци неколку часа беше во прекин.