ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ЗАЈАС Загинаа две жени од Тетово
Според СВР Охрид, до несреќата дошло кога се судриле товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.
Две тетовки загина во сообраќајна несреќа која утрово се случи на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, соопшти полицијата.
Според СВР Охрид, до несреќата дошло кога се судриле товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.
По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.
Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.