ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ Петмина се однесени во болница

1,490

 

На крстосница од улиците Франклин Рузвелт и Орце Николов во Скопје, синоќа околу полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо 206“, управувано од Ј.С. (21) од Скопје и патничко возило „хјундаи“, управувано од В.Т. (43) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.






Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „хјундаи“, К.Н. (45) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, сопатник од возилото „пежо 206“, Б.Ј. (21), и сопатничка од возилото „хјундаи“, Б.П. (44), двајцата од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Поврзани содржини