ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ Настрада 50-годишен мотоциклист

Сообраќајната несреќа меѓу патничко возило со холандски регистарски таблици и моторот со кој управувал 50-годишниот скопјанец се случила вчера на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.

527

50-годишен скопјанец им подлегна на повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа меѓу патничко возило со холандски регистарски таблици и моторот со кој управувал тој. Сударот се случил вчера на крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје.

„На 20.07.2024 во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„518″, ул. „516″ и бул.„Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа” со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“ – информираа од МВР.

Поврзани содржини