ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СКОПЈЕ, АВТОМОБИЛ УДРИ ВЕЛОСИПЕДИСТ Скопјанец со сериозни повреди е пренесен на Клиника
Велосипедист со тешки повреди по судир со автомобил на крстосница во Скопје, полицијата ги утврдува причините.
58-годишен велосипедист од Скопје е тешко повреден откако во него удрил автомобил на една од најфреквентните крстосници во градот.
Несреќата се случила утрово околу 07:15 часот на раскрсницата меѓу булеварите Партизански одреди и 8 Септември, кога патничко возило „хјундаи“, управувано од 25-годишна скопјанка, удрило во велосипедот.
Од силниот удар, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде лекарите му ги констатирале повредите.
На местото на несреќата излегла полициска екипа која извршила увид, а причините за судирот се утврдуваат.