ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КОЗЛЕ Загина момче што возело скутер
Во сообраќајката учествувале мотоциклистот, како и два автомобила „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје.
Младо момче кое возело скутер синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во скопската населба Козле.
„Во сообраќајката учествувале мотоциклистот, како и два автомобила „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.Ѓ.(37) од Скопје, патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ж.(53) од Скопје. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал малолетникот, а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, соопшти МВР.