ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КИСЕЛА ВОДА Две деца на мотор се судриле со автомобил
Сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар Борис Трајковски со улица Есенинова.
Две деца се тешко повредени откако со моторот со кој управувале се судриле со автомобил, доцна синоќа во скопската населба Кисела Вода, објави Телма.
Сообраќајната несреќа се случила околу 23 часот на крстосницата од булевар Борис Трајковски со улица Есенинова.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје и автомобил „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од Скопје.
„Во несреќата, малолетен сопатник на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’, додека возачот на мопедот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза“, информира МВР.