ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ЧЕНТО Животот го загуби 40-годишен возач од Стајковци
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека на местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Вчера во 18.50 часот било пријавено дека на улицата Алија Авдовиќ во скопската населба Ченто, 40-годишниот Г.А. од с.Стајковци, кој управувал патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека на местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.