ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВОДЊАНСКА, ЧЕТИРИ ДЕЦА СЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ Со автомобилот управувал малолетник
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Четири лица се тешко повреди во сообраќајка која синоќа се случил на улицата Водњанска во центарот на Скопје, откако возило управувано од малолетник удрило во канделабра и во бетонска жардињера.
– Ноќеска во 04.20 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.Мајка Тереза, со ул. Тодор Александров и ул. Белградска, патничко моторно возило „форд мондео” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, удрило во метална канделабра и во бетонска жардињера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот што го управувал возилото и уште тројца малолетни сопатници (еден од Струмица, двајца од Скопје), констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември” и Комплексот клиники „Мајка Тереза” – велат од МВР.