ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-КОЧАНИ Двајца загинати, петмина повредени

Во сообраќајна несреќа во близина на с.Чепиново се судриле три патнички возила со кочански, скопски и винички регистарски таблици.

1,198

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Штип – Кочани. Според информациите од МВР, во сударот во кој учествувале три патнички возила,  2 лица загинале на лице место, а петмина се повредени и тие се пренесени во болницата во Кочани.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот од 13.30 часот е во прекин во двата правци.






„Денеска (14.02.2024) во 12.26 часот на експресниот пат А3 Кочани Штип во близина на с.Чешиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило голф со кочански регистарски таблици, патничко моторно возило сеат со скопски регистарски таблици и цитроен со винички регистарски таблици. На местото на несреќата починале 2 лица, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Кочани, додека според првичните информации 5 лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Кочанската болница.

Увидот на местото на несреќата во присуство на јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани е во тек“ – информираат од МВР.

 

Поврзани содржини