ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП Се судриле два автомобила, еден од возачите е тешко повреден
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека, пак, Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Во четвртокот автомобил „фолксваген голф“ се судрил со „опел корса“ на магистралата Радовиш-Штип, а девојката, која го управувала автомобилот „опел корса“, со тешки повреди завршила во болница.
„На 17 октомври 2024 година, во 06.50 часот, во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘фолксваген голф’ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, штипско, и патничко возило ‘опел корса’ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека, пак, Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.