ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ КУМАНОВО-КРИВА ПАЛАНКА Се судриле „фиат“ и „опел зафира“

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира" С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

386

На 07.09.2024 во 09.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(48) и патничко возило „опел зафира” со бугарски национални ознаки, управувано од М.М.(59) двајцата од Крива Паланка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.П., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел зафира” С.М.(32) и Д.М.(51), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крива Паланка.

Поврзани содржини