ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ БИТОЛА – КИЧЕВО Млада жена загина, малолетник тешко повреден

2,974

Едно лице загинало, а едно е тешко повредено во сообраќајка што се случила попладнето во вторникот на регионалниот пат Битола – Кичево кај месноста Бели Мост, соопшти полицијата.

Автомобил „Мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(33) од селото Белче, излетал од патот откако возачот изгубил контрола над возилото.






Од здобиените повреди на самото место починала 25-годишната сопатничка од село Белче, додека малолетен сопатник е пренесен во Клиничката болница во Битола со тешки телесни повреди.

Патот Демир Хисар – Битола беше неколку часа во прекин.

 

Поврзани содржини