ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ИЗЛЕЗОТ ОД ОХРИД Повредени се 4 лица

1,650

Двајца жители на охридското село Лескоец, кои возеле автомобили на излезот од Охрид кон Битола и кон селото, се судриле, а во несреќата се повредени четворица луѓе, соопшти МВР.

„На 28.07.2025 во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. 15 Корпус во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘пежо’ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(32) од с.Лескоец, охридско и патничко возило ‘шкода’ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(51) од с.Лескоец, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило ‘пежо’, 62-годишната Л.П. и К.П.(30), двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница ‘Св.Еразмо’ во Охрид. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид“, пишува во полицискиот билтен.
Поврзани содржини