ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС-ГРАДСКО Повредени се двајца државјани на Босна и Херцеговина

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес,информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

347

На автопатот Велес – Градско, вчера патничко возило „бмв“ со национални ознаки на Босна и Херцеговина, управувано од 32-годишниот С.В. од Босна и Херцеговина, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка 26-годишната Т.Р. од Босна и Херцеговина, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес,информира попладнево Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.






Портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Ванчо Граматов за МИА изјави дека тешко повредената сопатничка имала скршеница на потколеница и надлактица и поради тежината на повредите по направените снимања и укажаната лекарска помош била препратена на понатамошно лекување во Ургентниот центар при скопските Клиники „Мајка Тереза“.

Повредениот возач, кој е со полесни телесни повреди, е добар и е задржан на лекување во Општа болница Велес.

Поврзани содржини